Само две опции се во игра: Кој ќе ја води Барселона во наредната сезона?!

Дерби

15/04/2024

15:32

1.723

Големина на фонт

а а а

Барселона има два важни натпревари оваа седмица против Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите и против Реал Мадрид во Примера, а во пресрет на истите шпанскиот медиум „Спорт“ излезе со интересна информација во однос на опциите за тоа кој ќе ја води екипата во наредната сезона.

Познато е дека Чави Ернандес најави заминување на крајот на кампањата, па во изминатиов период се појавија доста имиња во јавноста како потенцијални наследници како Нагелсман, Флик, Де Ѕерби, Аморим…Меѓутоа клубот во повеќе наврати потенцираше дека нема ништо ново на оваа тема и засега Чави е главен на клупата.

Управата во повеќе наврати му давеше и јавна поддршка на Ернандес порачувајќи дека сакаат да остане, да го убедат да се предомисли и тренерот да продолжи на „Камп Ноу“.

Според „Спорт“ тоа воедно е првата алтернатива на Лапорта, Деко и компанија, Чави да продолжи затоа што добро ја познава финансиската состојба, функционирањето на клубот, школата, но и играчите кои доаѓаат, чукаат на вратата на првата екипа.

Ако ова сценариот не се реализира, планот Б е Рафа Маркез да биде промовиран во прв тренер на екипата. Тој одлично работи во Барса Б и е профил кој исто добро ги знае сите работи, филозофија, има добар однос со водечките луѓе, а воедно го застапува и Мендеш, поточно има многу фактори кои му го отвараат патот да биде прв тренер на шпанскиот великан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг