Растенија кои треба да ги засадите во месец април: Ќе цветаат до доцна есен и ќе ја разубават вашата тераса или градина со ведрите бои

Кармин

15/04/2024

14:30

17.148

Големина на фонт

а а а

Нивната убавина ќе ги краси вашите градини и тераси сѐ додека не одлучите да посеете или посадите нешто друго.

Пролетното цвеќе успешно му одолева на јакото сонце, совршено е и за на тераса и за во двор.

Овие три цвеќиња треба да ги посадите во текот на месец април.

Ден и ноќ


Ова растение често се сади во текот на есента, но и месец април е погоден за негово садење. Ден и ноќ спаѓа во семејството љубичици, па често го нарекуваат и полска љубичица. Цветовите најчесто се големи, со виолетова боја, но и со примеси на бела и жолта.

Може да биде едногодишно или двегодишно растение во зависност од тоа кога е посадено. Најлесно се размножува со семе, а може да се посади или во саксија или во двор.

Доколку се определите за варијанта во саксија, саксијата потребно е да ја наполните до две третини со земја, потоа во неа да ставите пет семки и да ги покриете со земја.

Цинија


Цинијата потсетува на хризантема, има цврсто стебло и може да се пронајде во различни бои. Ова растение се негува на отворени и му одговара целосна светлина. Пожелно е да го засадите на место кое е заштитено од ветрот, во хранливо и умерено влажно земјиште.

Напролет се сади семето во градина или во саксија, а подоцна пожелно е да се пресади. Земјиштето редовно се наводнува и за 6 до 8 седмици младото растение ќе почне да цвета.

Кадифка


Кадифката се сее во текот на рана пролет и отпорно е на сите временски услови. Кога растението ќе порасне околу 7-10 сантиметри потребно е да се пресади на постојано место каде ќе остане во текот на целото лето. Растојанието меѓу растенијата треба да биде околу 25 сантиметри.

Во текот на растот треба редовно да се наѓубрува и наводнува. Може да биде со различна висина, но најчесто достигнува висина од околу 20-на сантиметри.

Прецветаните цветови треба редовно да ги отстранувате. Кадифката е едногодишно растение, но може да се зачува нејзиното семе за наредна година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk