[ФОТО] Плажа во Грција на која ќе имате чувство како да сте на Месечината – ова се тамошните цени

Точка

15/04/2024

12:02

6.573

Големина на фонт

а а а

Една плажа во Грција целосно се разликува од сѐ она што претходно сте го виделе.

Неа ја споредуваат со Месечината поради нејзините единствени карпести пејзажи. Меѓутоа, вреди да ја посетите поради повеќе работи, а тука пред сѐ мислиме на прекрасното тиркизно море.


Милос е остров во групацијата Киклади во Грција, а и една од најпопуларните дестинации за луѓето кои бараат автентично островско искуство.

Попознат е и како наоѓалиште на едни од најубавите статуи од времето на стара Грција, меѓу кои и Милоска Венера која денес се наоѓа во парискиот музеј Лувр.

Плажа како на Месечината

На него се наоѓа плажата Саракинико, единствено место кое дава целосно поразлично доживување на морето.

Брановите кои ги придвижуваат северните ветрови обликувале сивкасто-бели вулкански карпи во неверојатни облици поради што оваа плажа често се споредува и со месечевите пејзажи.


Настанала со мешавина на фосилните слоеви и вулкански ерупции, а плажата има свои необични карактеристики баш поради ерозијата на вулканските карпи со ветрот и брановите.

За оние на кои тоа им е важно, мора да спомнеме дека плажата Саракинико е една од најфотогеничните во цела Грција.

Цените на островот

Во јуни може да се најде апартман за две лица за околу 70 евра додека цените очекувано растат во јули и август, па така тогаш најевтиното ноќевање за две лица е околу 100 евра.


Во рестораните и кафулињата може да ручате за околу 10 евра, додека цените на пијалаците се движат од 2 евра нагоре. Цената на горивото е околу 5 евра.

Како да стигнете до Милос?

До Милос најчесто се патува со траект од Атина, но постојат и други опции, како траекти од Сифонос или Кимолос.




Спонзорирани линкови

Маркетинг