Инстаграм воведува нова опција и се однесува на голотијата на социјалната мрежа

Макфакс

12/04/2024

20:16

6.825

Големина на фонт

а а а

„Мета“ објави дека наскоро ќе почне да тестира нова функција за заштита од голотија на директните пораки на Инстаграм, која ги замаглува сликите кои содржат голотија.

Оваа функција не е дизајнирана само да ги заштити корисниците на апликацијата да не гледаат несакана голотија во својот „инбокс“, туку и да ги заштити од измамниците кои може да праќаат голи слики за да ги измамат и за возврат самите да пратат свои слики.

Заштитата од голотија ќе вклучена за корисниците помлади од 18 години ширум светот, а на возрасните корисници ќе им биде прикажано известување кое би требало да ги поттикне да ја вклучат.


Кога заштитата од голотија е вклучена, луѓето кои праќаат слики кои содржат голотија ќе видат порака која ги потсетува да бидат внимателни кога праќаат чувствителни фотографии и дека може да го откажат праќањето на пораката.

Секој што ќе се обиде да проследи гола слика која ја добил ќе види порака која го поттикнува да го преиспита праќањето.


Кога некој прима слика која содржи голотија, таа автоматски ќе биде заматена како предупредување, што значи дека примателот нема да ја види веднаш и ќе може да одбере дали ќе ја гледа или не.

Исто така на корисниците ќе им биде прикажана порака која ги охрабрува да не чувствуваат притисок да одговорат, со опција да ги блокираат и да го пријават праќачот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг