Песна напишана од вештачката интелигенција стана вирална

Точка

10/04/2024

09:21

7.711

Големина на фонт

а а а

"AI" генераторите на музика минале далечен пат од примитивние верзии од 2022-ра година. Денеска "AI" алатите како што е "Suno" овозможуваат лесно компонирање на музика и пишување на текстови - секоја низа зборови може да се претвори во композиција.

Пред неколку дена една "AI" композиција стана вирална, а компонирана е по текст од лиценца на "MIT" (дозвола за користење на софтвер од Технолошкиот универзитет во Масачусетс креирана кон крајот на 80-тите години од минатиот век која често се користи опен-сорс проекти) . Гласот кој го направила вештачката интелигенција пее текст од најобичен документ.

Токму ваквите сервиси ги вознемириле музичарите кои на почетокот на април потпишале отворено писмо - повеќе од 200 уметници потпишале документ во кој меѓу другот пишува дека "AI" е напад на креативноста. Во писмото стои и дека им е јасно дека одговорното развивање на "AI" алатите може да донесе напредок, но дека многумина вештачката интелигенција ја користат за поткопување на креативноста и непочитување на музичарите и уметниците. На мета се нашле компании кои постоечката музика ја користеле за тренирање на "AI" модели, без одобрение на авторите.

Можеме слободно да заклучиме дека алатите како "Suno" се забавни, но сепак настанале на проблематични темели, бидејќи за тренирање се користеле материјали за кои не е добиена дозвола од авторите. "AI" музичарите се се поблиску до реалноста, а некои инфлуенсери веќе пишуваат дека „по цел ден потпевнуваат AI песни“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг