Овој „Mercedes“ за една година губи половина од вредноста

Точка

06/04/2024

15:59

13.070

Големина на фонт

а а а

Вечната дилема при купување на автомобил е изборот меѓу купување на нов или користен автомобил.

Според истражувањето кое го спроведе „iSeeCars“, некои автомобили навистина не се исплати да се купи нов автомобил. Податоците се собрани за американскиот пазар, но повеќето лесно можеме да ги пресликаме на условите во Европа. Така според ова истражување минимално користен автомобил на стари чини просечно 5.778 долари или 12,7% помалку во однос на цената за нов автомобил.


Најголеми губитници

Но, не и кога се некои автомобили во прашање. Апсолутен шампион во губење на цената е големиот луксузен „Mercedes“. Станува збор за електричниот „EQS“ кој само за една година изгубил дури 65.100 долари од вредноста, односно неверојатни 47%. Во чекор го следи „Nissan Leaf“ со пад од 45,7%, односно разлика од околу 15.800 долари.

Ако се прашувате каде е тука „Alfa Romeo“ ќе кажеме дека се наоѓа на дури 4-то место, зад третопласираниот „Jaguar F-Pace“. Станува збор за „Giulia“, а по една година губи 33,4 проценти во вредност. Во топ 10 влегува и „Stelvio“, а тоа што изненадува се пласманите на другите електрични модели.

Така во топ 10 модели со најголем пад на вредноста влегле уште „Kia EV6“ на 5-то, „Hyundai Ioniq 5“ на шесто место, и „Volkswagen ID. 4 " на 7-мо, сите со пад од третина во вредноста за една година.


Тие се како злато

Верувале или не, на врвот на листата по прашање на држење на цената е „Range Rover“. Иако „Land Rover“ номинално не брилира ни по доверливоста, ни по иницијалниот квалитет, луксузниот теренец одлично котира. Вредноста по една воопшто не паднала. Дури и благо пораснала, за 2,8 проценти.

„Kia Rio“ е на второ место, а исто така не бележи пад на цената по една година. На третото место е „Mercedes G-klasse“. Овој модел по една година изгубил само 2,3 проценти од вредноста. Ако ги изземеме „Ford Maverick“ и „Tesla“, во топ 15 влегуваат исклучиво модели до Јапонија и Кореја.


Конкретно, зборуваме за моделите на „Toyota“, и по еден модел на „Honda“ (Civic), „Kia“ (Sportage) и „Nissan“ (Versa).

Значи, работите се јасни. Ако барате автомобил, а фаворизирате корејски и јапонски марки, совет би било да купите нов модел. а една година стар примерок. За сите останати би било попаметно би било да ги купите на старо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг