[ФОТО] Мислеле дека наишле на камен, но...: Археолози во околината на Сицилија откриле предмет којшто 600 години бил во морето

Точка

05/04/2024

15:00

15.223

Големина на фонт

а а а

Италијанските археолози наводно наишле на неверојатно откритие во Јонското море, недалеку од југоисточното крајбрежје на Сицилија.

Во истражувањето на подводниот свет учествувале членови од организацијата „Superintendence of the Sea“ и истражувачи од Универзитетот во Наполи.


Во текот на нуркањето, еден од истражувачите наишол на „необичен камен“, а потоа се воодушевил кога сфатил дека пред себе практично има неоштетен борбен шлем.

Се наведува дека истиот бил најден на длабочина од пет метри, како и дека бил покриен со минерали, пренесува „Fox News“.

Се верува дека шлемот бил произведен меѓу доцните 1400 и 1600, познат под називот „cabasset“ или „capacete“, што во превод значи „ибериски стил“.

Recuperato nelle acque di Vendicari, nei pressi di Noto (SR), a circa 5 metri di profondità, un elmo metallico...

Posted by Soprintendenza del Mare on Thursday, March 28, 2024

Еден од нуркачите помогнал шлемот внимателно да се изнесе на површина, а најверојатно истиот првпат бил надвор од вода во последните 600 години.

„Овој вид шлем бил многу распространет меѓу пешадијата од тој период, но го користеле и бродските трупи. Со понатамошна истрага ќе утврдиме дали станува збор за изолиран случај или поголемо наоѓалиште“, изјавиле археолозите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг