Поранешен тренер на Јунајтед може да го преземе Баерн

Дерби

29/03/2024

14:14

2.381

Големина на фонт

а а а

Баерн Минхен е во потрага по нов тренер, наследник на Томас Тухел кој ќе ја напушти сегашната функција по крајот на актуелнава сезона.

Баварците не сакаа да го дочекаат крајот за да донесат одлука за Тухел, па сега бараат стратег кој ќе биде адекватно решение, стручњак кој ќе одговори на сите барања и поставени цели. Актуелниот шампион го меркаше Чаби Алонсо, ама тој ќе остане во Баер Леверкузен барем уште една сезона што во случајов значи дека германскиот великан ќе мора да се насочи кон други имиња, цели.

„Кикер“ преенсува дека Баерн размислува за една интересна опција, ангажман на актуелниот селектор на Австрија, Ралф Рангник. Рангник долги години беше во германскиот фудбал, па потоа кратко време беше во премиерлигашот Манчестер Јунајтед за да сега го води австрскиот национален тим.

На „Алијанц Арена“ преферираат да доведат стратег кој го познава германскиот јазик што не е проблем за Рангник, но на маса има и други имиња како Роберто Де Ѕерби од Брајтон кој исто е почитуван од управата на клубот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг