Стилистка советува: Бои кои прават да изгледаме визуелно постаро – ги истакнуваат несовршеностите и го влошуваат изгледот на тенот

Точка

29/03/2024

14:00

5.149

Големина на фонт

а а а

Наместо да ги истакнат вашите најдобри особини, овие нијанси на бои всушност можат да направат да изгледаме постаро.

Гардеробата може да ни помогне да ја изразиме својата личност, а изборот на вистина може наголемо да придонесе на самодовербата. Меѓутоа, стилистите велат дека погрешните бои можат да имаат спротивен ефект.

5 бои кои ќе направат да изгледаме постаро

Премногу црна или сива боја

„Црната и сивата боја се сметаат за класични бои и треба да се најдат во нашиот гардеробер, меѓутоа преголемото користење на овие нијанси на бои може да нѐ направи визуелно постари“, вели Јенија Хернанд Фонсека, стилист.

Се смета дека прекумерната употреба на црната и сивата боја фрла остри сенки околу лицето и може да ги нагласи фините линии.


Пастелни нијанси

Фонеска предупредува дека носењето нежни, пастелни бои ја истакнува промената на кожата и очите.

„Иако се прекрасни и свежи, меките пастелни бои можат да направат вашите очи да изгледаат уморно. Можат да ја зголемат и хиперпигментацијата, па најдобро е да ги избегнувате“.

Неутрални беж нијанси

Неутралните бои можат да дадат софистициран и класичен изглед на вашата гардероба, но Фонеска вели дека можат да направат и да изгледате мрачно и постаро.


Светло розова боја

Оваа живописна нијанса на боја може да фрли флуоресцентен сјај на вашата кожа, нагласувајќи го секое црвенило или несовршеност.

Нијанси на виолетова боја

Виолетовата, кога правилно ќе се избере, може да даде доза на елеганција и софистицираност. Меѓутоа, погрешните нијанси може да фрлат непријатни сенки, оставајќи ве уморни и без сјај. Избегнувајте нијанси кои вашата кожа и усните ги претвораат во виолетови, привлекувајќи го вниманието на несовршеностите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг