Бунт во македонската репрезентација: Николов обвинет дека е во клан со фудбалерите на Динамо

Точка

29/03/2024

13:37

5.580

Големина на фонт

а а а

29-годишниот Бобан Николов, до неодамна беше долгогодишен фудбалски репрезентативец на Македонија, но актуелниот селектор Благоја Милевски не го повикува веќе една година. Фудбалерот на унгарска Кисварда не е единствен незадоволен од работата на Милевски, па така во август минатата година поради несогласување со селекторот од репрезентацијата се повлече Стефан Ристовски од Динамо.

Аријан Адеми исто така оваа година ја заврши репрезентативната кариера, но тој не ја наведе причината на таа одлука. Николов, пак, одлучи јавно да проговори за причините на своето незадоволство и го повика Адеми да ги открие причините поради кои ја напушти репрезентацијата.


Николов: Има многу причини поради кои сме разочарани

„Јас сум еден од разочараните фудбалери на националниот тим поради ставот на селекторот Милевски. Има многу причини поради кои сме разочарани. Бев дел од екипата која оствари историски пласман на Европско првенство и на тоа сум горд. Сепак, по доаѓањето на новиот тренер, со кој работев во младата селекција, каде бев капитен, очекувањата беа големи“, рекол Николов за македонски „Курир“ па продолжил:

„Меѓутоа, морам да кажам дека сум многу разочаран од Милевски. Кажа дека ќе повикува играчи кои редовно играат во клубовите. На крајот направи се спротивно. Не добив повик ни кога не играв, не добивам повик ни кога сум стандарден. Ми кажа дека играм добро, но дека ме отстранил бидејќи моментално не се вклопувам во концептот. Интересно, се вклопив во големата победа над Италија во Палермо“.


„Не сум дел од никаков клан. Близок сум со Ристовски и Адеми“

Николов открил и дека под обвинение дека е дел од кланот кој го создале играчите кои неодамна се простија од македонскиот дрес, при што очигледно мисли на Ристовски и Адеми, и дека тоа е причината поради која не добива повик во репрезентацијата.

„Не сум дел од никаков клан и имам одличен однос со колегите. Бев дел од репрезентацијата која дишеше како едно и која постигна историски резултат. Близок сум со Ристовски, кој јавно го истакна незадоволството од работата на селекторот. Исто така сум близок и со Адеми и се надевам дека и тој наскоро ќе ги открие причините за повлекувањето од репрезентацијата“, порачал Николов па заклучил:

„Јавноста нека суди по резултатите. Јас сакав јавно да го искажам незадоволството како фудбалер кој беше дел од историскиот тим. Никогаш нема да се откажам од репрезентацијата. Имам 49 настапи и на секој дадов се од себе и го оставав срцето на терен. Се надевам дека за репрезентацијата ќе дојдат подобри денови и им посакувам се најдобро на моите колеги во претстојниот период“.

Додаваме дека Милевски е селектор на Македонија од 2021-ва година, кога го наследи Игор Ангеловски, кој оствари историски успех со пласманот на ЕУРО. Пред тоа Милевски со години беше селектор на младата репрезентација, а два пати беше и тренер на Вардар.




Спонзорирани линкови

Маркетинг