Манастирски колач идеален за време на постите: Сочен десерт кој домашните ќе го обожуваат и бараат репете

Точка

28/03/2024

21:16

17.516

Големина на фонт

а а а

Ова е посен колач во кој можат да уживаат и оние кои постат на вода. Мека текстура и богат вкус се карактеристиките на овој колач, а најдобро од сè е што брзо се подготвува.

Потребни намирници

500 гр брашно;

1 лажичка прашок за печиво;

1 лажичка сода бикарбона;

100 гр шеќер;

200 гр сечкани ореви;


200 гр урми;

200 гр суво грозје;

5 лажици џем од кајсии;

1 портокал (сок);

1 лажичка цимет;

500 мл млака вода;

4 лажици џем од кајсии.


Подготовка

Сувото грозје валкајте го во брашно, протресете низ прстите за да се отстрани вишокот брашно. Отстранете ги јамките од урмите, исечкајте ги, извалкајте ги во брашно, протресете ги меѓу прстите и оставете ги на страна. Исечкајте ги оревите.

Измешајте го просеаното брашно со прашокот за печиво и сода бикарбона, шеќер, сечкани ореви, урми, суво грозје и цимет. Додадете го сокот од портокал и џемот од кајсии кои сте ги измешале со 100 мл млака вода. Малку по малку ја додаваме останатата млака вода додека мешаме со жица за матење. Обложете го плехот со хартија за печење и истурете ја смесата.


Печете во рерна загреана на 180 степени околу 30 минути. Извадете го колачот од рерна и премачкајте го со џемот од кајсии кој го помешавте со 50 мл млака вода и повторно вратете го во рерна уште 10 минути. По желба испечениот колач посипете го со шеќер во прав или мелени ореви.




Спонзорирани линкови

Маркетинг