Ѓоковиќ се појавил со нов тренер на тренингот во Белград

Дерби

28/03/2024

15:54

1.451

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ се врати од Америка и вчера објави дека ја прекинал соработката со Горан Иванишевиќ, а еден ден подоцна, предизвикал големо внимание во Белград со одработениот тренинг ова попладне.

Како што јавува српски „Курир“ чии новинари се нашле на лице место на тениските терени во Коштуњак, Новак го почнал денешниот тренинг со нов тренер, но засега непознато е дали ќе биде привремено, или долгорочно решение.

Ненад Зимоњиќ е легендарен специјалист во игра за двојки и поранешен селектор на Дејвис Куп репрезентацијата на Србија, а како долгогодишен пријател на Ноле, сега решил да му подаде рака по неочекуваниот расплет.

Сликите кои ги објави „Курир“ откриваат дека Зимоњиќ бил крај Ноле во текот на целиот тренинг и му давал совети на светскиот рекет број еден, од кого за очекување е во наредните неколку дена да обелодени повеќе детали околу новиот тренер.

Инаку, со денешниот тренинг, Новак и официјално ја започнал подготовката за турнирите на земјена подлога, а прв негов следен настап треба да биде на турнирот во Монте Карло.

Evo ko je novi trener Novaka Đokovića!

Posted by Kurir - Sport on Thursday, March 28, 2024



Спонзорирани линкови

Маркетинг