Поранешен играч на Реал го подбра Винисиус: И мене ме нарекуваат пијаница, па…

Дерби

28/03/2024

15:51

2.338

Големина на фонт

а а а

Дани Парехо своите најдобри играчки денови ги мина во Валенсија, но пред неколку дена го продолжи договорот со Вилјареал и потврди дека ќе остане во „жолтата подморница“ до 2026-та година.

Искусниот играч за врска е продукт на младинската школа на Реал Мадрид и дочека шанса да дебитира за „кралевите“ во 2008-ма година, но кога беше во најдобра форма, беше и шпански репрезентативец.

Парехо е еден од играчите кои се со најголем стаж во шпанската Ла Лига и добро знае како е да се игра на сите „жешки“ стадиони, па големото искуство му дава за право да коментира теми како што е онаа со Винисиус Жуниор.

Бразилецот се расплака на пресот пред мечот со Шпанија во образложенијата дека секојдневно е жртва на дискриминирачки пораки и разноразни навреди, но Парехо смета деак во приказната има две страни и дека Винисиус самиот помага во распламнување на страстите.

– Сум играл речиси на сите стадиони во Шпанија и знам каква може да биде атмосферата. И мене ме викале и ме викаат пијаница, но јас не влегувам во пресметка со фановите, не правам никакви гестови за дополнително да ги испровоцирам. Тоа е непотребно, ние сме професионалци и играчите не треба да паѓаме на тоа ниво. Лично според мене, сметам дека Винисиус прави грешки со своето однесување, – потенцира Парехо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг