[ВИДЕО] „Што ќе му е таа? Нему му е потребна убава жена“ – не стивнуваат коментарите за девојката на славниот актер, но ова видео ќе ги замолчи сите; Еве што прават кога мислат дека никој не ги гледа

Точка

28/03/2024

16:16

13.715

Големина на фонт

а а а

Деновиве, Кијану Ривс е посветен на новата улога во филмот „Good Fortune“, кој се снима во Лос Анџелес. Папараците постојано го следат, па така на пауза од снимањето успеале да „уловат“ интересен момент. На видеото можете да ја забележите и неговата девојка Александра Грант која го посетила на сетот.

Имено, Кијану Ривс и неговата партнерка Александра Грант (54) најпрво разговарале низ насмевки, а потоа „паднал“ бакнеж. Повеќе од очигледно било колку уживаат во меѓусебното друштво. „Како заљубени тинејџери“, би можело да се прокоментира.

Тие се запознале во 2009 година на вечера додека работеле на две уметнички книги, а своето прво јавно појавување како пар го имале во 2019 година во Лос Анџелес. Откако се дознало за нивната врска, на Интернет се појавиле коментари како Александра Грант „не е доволно убава и атрактивна“ за Кијану Ривс. И тоа било само една од негативните реакции. Некои, за веројатно да истакнат како изгледа постаро од актерот, ја помешале со славната и убава Хелен Мирен, која „фраерски“ одговорила дека за неа претставува комплимент оваа споредба.

Тие коментари биле вистински доказ колку некои луѓе површно оценуваат нечиј изглед и нечија врска. На Кијану, се разбира, не му е грижа.


Пред една година, во интервју за „People“, актерот бил замолен да опише кога последен пат почувствувал „момент на блаженство“.

„Пред неколку дена со мојата душа. Бевме во кревет. Бевме поврзани. Се смеевме, смеевме и кикотевме. Се чувствувам одлично. Беше многу убаво што сме заедно.“

Грант, исто така, зборувала за нивната врска и вниманието што го добила по појавувањето со Ривс на галата „LACMA Art + Film“ во Лос Анџелес, 2019 година.


„Мислам дека секоја личност која ја познавав ми се јави во првата недела од ноември и тоа е фасцинантно“, изјавила таа за „Vogue“.

Генерално, парот се држи настрана од јавната сцена, а кога ќе се појават или ќе бидат фатени од папараците, јавноста дополнително се уверува дека нивната љубов цвета, негативните реакции „ништо не им можат“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг