Луѓето кои зборуваат најмалку два јазици имаат помали шанси за развој на деменција

Точка

28/03/2024

10:01

3.252

Големина на фонт

а а а

Научниците од Индија пронашле повеќе докази дека луѓето кои зборуваат два јазици имаат помали шанси да развијат деменција во споредба со луѓето кои се ограничени на еден јазик.

„Деменцијата била поголема меѓу луѓето кои зборуваат еден јазик (4,9%) отколку кај оние што зборуваат два јазици (0,4)“, наведуваат научниците од Националниот институт за ментално здравје и невронаука, чиј труд е објавен во списанието „Алцхајмерова болест и деменција“.

Постаро истражување укажувало на тоа дека да се биде полиглот може да значи помала веројатност на когнитивен пад подоцна во животот, но на тоа истражување му недостасувале многу докази од истражувања базирани на заедницата“, рекол тимот од научници во својот труд.


Тие се обиделе да ја пополнат таа празнина така што оделе од врата до врата во Бангалор, град на југот Индија познат како центар на информациски технологии во земјата, каде откриле дека преваленцијата на благи когнитивни оштетување „исто така е поголема кај оние што зборуваат еден јазик (8,5%), отколку кај тие што зборуваат два јазици (5,3%)“.

Тим со седиште во Германија во 2023-та година објавил труд во списанието „Neurobiology of Aging“, во кој напишал дека двојазичноста во раниот живот значи намален ризик од деменција во подоцнежниот животен век. Научниците од Универзитетот во Единбург во 2014-та година укажале на тоа дека зборувањето на повеќе од еден јазик може да има заштитен ефект на мозокот.

Меѓутоа, не е само способноста за зборување на јазик тоа што може да помогне против деменција, според друг неодамнешен труд. Можеби постои врска меѓу дијабетесот и веројатноста за развој на деменција, според истражувањето претставено на годишниот состанок на Американското друштво за биохемија и молекуларна биологија од 23-ти до 26-ти март.


Истражувањето од Универзитетот Калифорнија е објавено на почетокот на 2024-та година, меѓутоа, укажува на тоа дека добриот сон во младоста го намалува ризикот од деменција.

Кон средината на 2023-та година, тимот во Швајцарија открил дека постарите мозоци имаат корист од слушање музика, додека речиси во исто време истражувањето на лекарите од Универзитетот во Њујорк открило дека умерено користење на интернет кај постарите може да помогне во борбата против когнитивниот пад. Намалувањето на слухот и видот одвоено се поврзани со поголема веројатност за развој на деменција.




Спонзорирани линкови

Маркетинг