За ручек, вечера, како прилог: 3 посни салати кои се подготвуваат брзо, а се неодоливо вкусни

Точка

27/03/2024

20:45

13.994

Големина на фонт

а а а

Посните салати не мора да бидат ништо помалку вкусни од оние кои се направени од месо.

Иако делува како голем предизвик за гурманите, планирањето на посните оброци всушност и не мора да биде толку комплицирано.

Доколку постите, а сакате да јадете солени јадења, тогаш посните салати се одличен избор за појадок, ручек или вечера за целото семејство.

Берлинска компир салата


Состојки:

- 1 килограм компири;
- 2 лажички сенф;
- 3 лажички шеќер;
- 4 средни кисели краставички;
- 100 милилитри течност од киселите краставички;
- 50 милилитри вински оцет;
- 100 милилитри масло;
- 1 кисело јаболко;
- 1 главица кромид;
- 2 млади кромитчиња;
- 1 чешне лук;
- сол, бибер и малку ким.

Подготовка:

1. Компирите сварете ги во солена вода.

2. Исцедете ги, па оставете малку да се изладат и излупете ги.

3. Додека компирот се лади, измешајте го сенфот, шеќерот, маслото, оцетот и течноста од киселите краставички.

4. Додадете го ситно исечканиот лук и измешајте.

5. Излупете го и исечкајте го јаболкото и додадете ги сечканите краставички.

6. Во подлабок сад ставете прво компири кои сте ги исекле на кругови, па јаболкото со краставицата, а потоа прелијте со преливот.

7. Оставете ја салатата во фрижидер 3-4 часа, па консумирајте.

Салата со туна и кикиритки


Состојки:

- 1 конзерва туна;
- 150 грама солени кикиритки;
- 7 печени црвени пиперки;
- 300 грама посен мајонез;
- 1 праз;
- 3 чешниња лук;
- зачини по желба.

Подготовка:

1. Излупете ги пиперките и исечкајте ги на ситно.

2. Истото направете го и со лукот и празот.

3. Соединете ги состојките, па додадете ја туната, кикиритките и зачините, па на крај мајонезот.

Салата со макарони и шампињони


Состојки:

- 200 грама посни макарони;
- 200 грама шампињони;
- 300 грама посен мајонез;
- праз;
- сол, бибер, оригано.

Подготовка:

1. Сварете ги макароните.

2. Празот пропржете го, па додадете ги ситно исечканите шампињони, како и зачините.

3. Кога мешавината ќе биде готова, додадете ги сварените и исцедени макарони.

4. Оставете салатата да се излади, па додадете го мајонезот и помешајте.

На здравје!




Спонзорирани линкови

Маркетинг