Крос: Не знам каде ќе играм следната сезона

Макфакс

27/03/2024

16:00

1.155

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот на Реал Мадрид, Tони Крос изјави дека се уште не одлучил каде ќе игра следната сезона, пренесуваат германските медиуми.

Крос има договор со Реал до крајот на сезоната. Некои медиуми објавија дека германскиот репрезентативец би можел да игра уште една година во „кралскиот клуб.

„Се уште не сум донел одлука. Ќе одлучам во следните месец или два. Вистината е дека навистина не знам каде ќе играм следната сезона. Многу луѓе сакаат да играм уште една година. тоа е позитивен знак. Се чувствувам добро, но се уште не сум донел одлука“, изјави Крос по пријателскиот натпревар меѓу Германија и Холандија (2:1) кој се одигра во Франкфурт.

Крос (34) е член на Реал Мадрид од 2014 година. Тој се збогуваше од германската репрезентација во 2021 година, но неодамна реши да се врати во националниот тим.



Спонзорирани линкови

Маркетинг