Омилените парфеми на Кејт Мидлтон и Меган Маркл – мирисаат на чист луксуз, а еве колку чинат

Точка

27/03/2024

15:40

8.121

Големина на фонт

а а а

Омилените парфеми на Кејт Мидлтон и Меган Маркл мирисаат на луксуз, а не чини многу.

Кои парфеми ги користат Кејт Мидлтон и Меган Маркл? Доколку некогаш сте се запрашале како овие две познати дами мирисаат, британските медиуми сега го открија тоа.

Сопругите на британските принцови веќе со години се на мета на разни шпекулации дека не се во добри односи, но сепак тие сакаат ист бренд на парфем, па дури и со слични мирисни ноти.


Кој парфем го користи Кејт Мидлтон?

Луѓето кои имале чест да ја запознаат Кејт Мидлтон велат дека војвотката од Кембриџ мириса прекрасно, на овошни цитрусни ноти и дека таа сака освежувачки парфеми.

Омилениот парфем којшто го користи Кејт Мидлтон е „Orange Blossom“ којшто освен што мириса на портокал има ноти и на цвет од мандарина, бели лилјани и дрвца.


Овој парфем чини околу 65 евра, а Кејт обожува и мирисливи свеќи од истиот бренд. Наводно токму таквите свеќи ги искористиле и за кралската венчавка.

Кој парфем го користи Меган Маркл?

Актерката Меган Маркл исто така сака свежи, овошни парфеми со цитрусни ноти, но таа користи поскап бренд од Кејт.


Сопругата на принцот Хари во едно интервју кажала дека многу сака парфеми, а доколку при излегување од домот заборави да си стави парфем на себе, таа се враќа и го прави тоа.

Меган го користи парфемот „Oribe – Cote D’Azur“ којшто има нота на лимон, портокал, бергамот и бобинки. Овој парфем постои од 2014 година, но е прилично поскап од оној којшто го користи Кејт, а едно шишенце чини 143 евра.


Но, има уште неколку други парфеми кои ги сака Меган Маркл, а тоа се „Wild Bluebell“ и „Wood sage & Sea Salt“.

Инаку, правилата на кралското семејство наложуваат дека ниту еден член не смее да дава комплименти за парфемите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг