„City Fashion“ отвори нова моно бренд продавница „KARL LAGERFELD“ во „Skopje City Mall“: Добредојдовте во светот на „KARL LAGERFELD“

Точка

27/03/2024

10:25

5.845

Големина на фонт

а а а

Светски афирмираниот моден бренд „KARL LAGERFELD“ пристигна во Македонија во 2012 – тата година, како дел од мултибренд продавниците на „City Fashion“. Низ годините го етаблираше своето присуство на пазарот и се истакна како омилен моден бренд на овие простори.

Ново отворената уникатна франшизна продавница на „KARL LAGERFELD“ се простира на 100 метри квадратни и е лоцирана во „Skopje City Mall“ на прв кат. Со цел да се доживее светот на „Karl“, новиот концепт на моно продавницата се фокусира на елегантна и чиста естетика, која обезбедува едно автентично и привлечно шопинг искуство.


Во ново отворената продавница имате можност да ја погледнете последната колекција пролет – лето `24 на „KARL LAGERFELD“, која е инспирирана од пасијата на „Karl Lagerfeld“ за внатрешен дизајн, пренесена преку топли материјали, геометриски патерни и заситени нијанси.

Комерцијален текст



Спонзорирани линкови

Маркетинг