Пет луди работи кои ги прават сестрите Кардашијан за да ги изгубат килограмите: Она на што се спремни – не е здраво ниту нормално

Точка

27/02/2024

16:46

12.272

Големина на фонт

а а а

Ким и Клои Кардашијан се познати по своето драматично слабеење. Од тренирање 6 дена неделно, па до држење на најстрогите диети, овие сестри направиле сè како би имале совршен изглед.

Иако се обидуваат да го подобрат својот имиџ, многумина веруваат дека повеќето од нарушувањата во изгледот и исхраната во Америка, потекнуваат токму од сестрите Кардашијан/Џенер.

Се смета дека сестрите Кардашијан/Џенер поставуваат нереални стандарди за убавина кои никој не може да ги следи.


Ви ги претставуваме петте најлуди работи кои сестрите ги прават сè со цел да ги изгубат килограмите.

1. Тренерки за слабеење

Ким Кардашијан првпат го открила овој уникатен начин на слабеење откако го родила синот Сеинт во 2016 година. Таа ослабела повеќе од 27 килограми со помош на тренерката Мис Елиот, која многумина ја нарекуваат костим за сауна, во која телото ненормално се поти.


2. Екстремна диета

Клои Кардашијан практикувала диета без млечни производи и со малку јаглехидрати. Нејзината исхрана вклучува протеини и јаглехидрати пред вежбање. За ручек, пилешки гради без кожа на скара, зеленчук, ориз и сладок компир. Нејзината вечера е лесна, со парче риба на скара, зелена салата од лиснат зеленчук со семки од сончоглед и прелив од оцет. За десерт, тоа е само парче овошје.

3. Чај за рамен стомак

Познато е дека и двете сестри Кардашијан консумираат чај за рамен стомак. Овој чај заменува еден оброк, што значи дека тие наместо храна консумираат чај. Иако Клои дури и го рекламирала тој чај кој „менува еден оброк“ овој пијалак се смета за крајно опасен бидејќи е забрането неговото консумирање.


Од друга страна, Ким промовирала извесен шејк за слабеење, но двете сестри ги повлекле рекламите откако многу корисници ги критикувале дека промовираат непроверени производи.

4. Корсет за струк

Корсетот кој го намалува струкот го носеле Ким и Клои Кардашијан, како и нивната помлада сестра Кајли Џенер. Тие се „колнеле“ во овој производ кој го стеснува струкот и делува така што тесно се прилепува за стомакот и го „вовлекува навнатре“. Меѓутоа, по испитувањата било објавено дека истиот корсет може да го отежне дишењето, да предизвика киселини и проблеми со варењето, па сестрите престанале да зборуваат како го носат.


5. Вежбање

Ким е позната по грубите и исцрпувачки тренинзи, сè со цел да ослабне. Таа станува во 6 часот наутро, секој ден, шест дена во неделата, за да вежба. Како би изгубила тежина, таа е сконцентрирана на кардио тренинзи и тренинзи за сила.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk