[ФОТО] Беше една од најпосакуваните жени, а сега плаче на улица – се развела по само 9 дена брак, а потоа почнало сѐ да пропаѓа

Кармин

27/02/2024

16:23

6.826

Големина на фонт

а а а

Славната убавица Кармен Електра долго време немавме можност да ја видиме во јавноста иако поприлично е активна на социјалната мрежа Инстаграм каде редовно објавува провокативни фотографии.

Доколку го погледнете нејзиниот профил, би стекнале впечаток дека популарната заводничка живее живот од бајките и дека светлата од рефлекторите не ѝ недостасуваат.

Меѓутоа, после последните папарацо фотографии се чини дека ситуацијата всушност е малку поразлична.


Актерката била фатена на скалите пред куќата во Лос Анџелес, видно нерасположена. Во еден момент дури и почнала да плаче иако се обидувала со рацете да го покрие лицето, сепак тоа било воочливо.

Како што пренесуваат странските медиуми, таа го чекала шоферот, но не е позната причината зошто била толку тажна.

Исто така многумина биле изненадени од нејзиниот изглед којшто видно се разликува од оној којшто го пласира на социјалните мрежи.

Поради тоа на социјалните мрежи можеле да се прочитаат грозни коментари, дека таа изгледа како бездомничка и слично.

Инаку, освен неверојатните облини, славата ја должи и на аферите со познатите мажи. Таа била во врска со кошаркарот Денис Родман на којшто му го кажала судбоносното „да“ во 1998 година во капелата во Лас Вегас. Сепак, љубовта не траела долго, па после само девет дена побарала развод. Родман кажал дека не бил при себе кога се оженил со Кармен.


После разводот таа се венчала со гитаристот Дејв Наваро (56), но и со него бракот не траел многу. Тие три години живееле заедно, а потоа се развеле. Утехата потоа таа ја нашла кај музичарот Роб Патерсон.

Биле верени, но до олтарот не дошле затоа што тој ја изневерил. Исто така таа со Сајмон Кауел (63) раскинала во 2013 година и од тогаш во јавност никој не бакнувала.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk