Србинот Бошко и муслиманката Адмира прегрнати заминале во смрт: Најубавата љубовна приказна на сараевските Ромео и Јулија имала трагичен крај

Точка

13/02/2024

16:34

22.963

Големина на фонт

а а а

Симбол на војната во Босна и 31 година подоцна, останала приказната за трагичната смрт на Босанката Адмира Исмиќ и Бошко Бркиќ , Србин, кои биле убиени на 18 мај 1993 година на мостот Врбања – додека, држејќи се за рака се обидувале да побегнат од Сараево.

За Бошко и Адмира, попознати како „сараевските Ромео и Јулија“, напишани се стотици написи во весниците, снимени се неколку документарци, филмови и песни. Тие двајца биле од различна националност – Адмира била Босанка, а Бошко Србин, затоа и имале намера да заминат подалеку од земјата разурната од војна.


Адмира и Бошко биле заедно 9 години. Сите знаеле за нивната љубов и никој не ги осудувал затоа што биле од различна националност. Адмира студирала хемија, Бошко туризам. Но, плановите за заедничка иднина биле прекинати од војната. Исцрпени од постојаното гранатирање и стравот од снајперите, Бошко и Адмира одлучиле да го напуштат Сараево.

Како што тврди американскиот репортер Курт Скорк, имало договор меѓу властите, двете завојувани страни во Сараево, босанската и српската, парот да ја премине демаркацоната линија.


Бошко и Адмира пешачеле најмалку 500 метри по десниот брег на Миљацка, потполно изложени на погледите на војниците од двете страни. Откако ја преминале линијата под контрола на босанската страна и се упатиле кон населбата Грбавица под контрола на Србите, некој пукал во нив, пишувал Скорк.

Прегрнатите тела на дваесет и петгодишниот пар седум дена лежеле на мостот Врбања, а осмиот биле извлечени и погребани на гробиштата во Лукавица. И денес не е познато кој го испукал смртоносниот рафал.


Јапонците снимиле филм за „сараевските Ромео и Јулија“, документарецот е снимен и во копродукција на „PBS’s Frontline“, „National Film Board of Canada“ и „WDR Germany“, режиран од Џон Заритски.

Заедно со многубројните написи и репортажи, била напишана опера, компонирана музика, а се родиле и бројни стихови. Младиот пар бил опеан и од познатиот пејач Бил Маден.



Сараевската рок група „Zabranjeno pušenje“ во 2013 година снимија албум со хит песната „Boško i Admira“.

По завршувањето на војната, во 1996 година, нивните посмртни останки биле пренесени на гробиштата Лав во Сараево. Вечниот мир под нивниот гроб, по своја желба, го нашол и американскиот репортер Курт Скорк, кој бил убиен на боиштето во Сиера Леоне во 2000 година.