Потполно се изненадила и рекла „да“: Зборовите со кои Путин ѝ го освоил срцето и ја запросил поранешната сопруга се сè – само не романтични

Кармин

09/02/2024

19:29

6.617

Големина на фонт

а а а

Владимир Путин е еден од најпознатите луѓе на планетата, но за неговиот приватен живот не се познати многу детали. Претседателот на Русија е едно од најпрепознатливите лица во целиот свет, но во исто време и еден од најмистериозните светски државници.

За неговиот интимен живот се знае многу малку, но е познато дека Путин, кој сега има 70 години, долго време беше во брак со Људмила Путина.

Сепак, она што е потврдено е дека застанал на „лудиот камен“ со Људмила во 1983 година.


Познато е и дека тие веќе не се во брак, но не може со сигурност да се каже кога точно се случил разводот. Сепак, странските медиуми во главно ја наведуваат 2014 година како годината кога тие се разделиле.

Путин ја запознал Људмила пред околу 4 децении, додека таа работела како стјуардеса, што во тоа време била многу ценета професија.

„Најпрвин бев пријател со Људа, мојата идна сопруга. Претпоставував дека ако не се оженам во наредните две, три години, никогаш нема да се оженам. Се навикнав на ергенскиот живот. Људмила го откорна тоа од корен“, открил Путин во една прилика.


Људмила во една прилика открила како Путин ѝ го освоил срцето, како и сосема невообичаениот начин на кој тој ја запросил.

Неа ѝ се чинело дека тој сака да раскинат, а не дека ќе ја праша да се омажи за него.

Како што е наведено во интервјуто објавено во автобиографијата на Путин од 2000 година, „First Person: An Astonishingly Frank Self-Portrait“, започнало така што таа била подготвена да раскинат, а сето тоа се случило додека една вечер седеле во нивниот заеднички дом.


„'Досега веќе сфати каква личност сум. Во принцип, не сум лесен. Во овие три години веројатно и самата донесе одлука'. Беше самокритичен, зборуваше дека е тивок тип, дека е остар во некои работи и дека знае и дека ги навредува луѓето. Чувствуваше дека не е доволно добар животен партнер. Ми звучеше како да ги набројува причините зошто сака да раскинеме“, открила Људмила во интервјуто објавено во автобиографијата на Путин.


Кога го слушнала тоа, Људмила била подготвена да раскинат. Меѓутоа...

„Му одговорив дека донесов одлука, а тој ме праша дали сум сигурна во тоа. Кимнав со главата и бев убедена дека тука е крајот за нас, но тогаш тој рече: „Ако е така, тогаш сакам да знаеш дека те сакам и се надевам дека ќе се омажиш за мене. Тоа беше изненадување за мене“, раскажала Путина.

Како круна на љубовта на Владимир и Људмила, на свет дошле две мали девојчиња – Марија и Катерина, кои денес се возрасни жени.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk