Лепа Брена носи часовник од 50.000 евра: Еве за кој модел станува збор

Кармин

09/02/2024

18:00

4.709

Големина на фонт

а а а

Лепа Брена води многу луксузен живот, а помалку е познато дека е љубител на луксузни часовници.

Така неодамна, на нејзината рака блесна часовник Ролекс, кој вреди вртоглави 50.000 евра.

Овој часовник најчесто се гледа на машките раце, додека пак женскиот часовник од 29 мм е резервиран за дамите, но Лепа Брена се одлучи за овој златен модел со дијамантска рамка, дијамантски индекси и виолетово копче.

Фотографијата на која Брена позира со овој луксузен часовник е направена на нејзиното патување во Шпанија.

И додека некои ја критикуваат затоа што мислат дека троши пари и непотребно се фали со своето богатство, таа не обраќа внимание на негативните коментари.

Минатата година таа објави фотографија на која носи „Rolex Cosmograph Dayton“ вреден повеќе од 30.000 евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk