Во најтешките животни моменти, нејзините зборови ја крепат душата: Без оваа особина копнееме, тажни сме и не сме подготвени да сакаме

Кармин

08/02/2024

18:15

4.895

Големина на фонт

а а а

Американската поетеса Маја Анѓелу е ценета авторка и добитничка на бројни награди.

Позната е како писателка на мемоари, есеи поезија, а била и автор на неколку книги поезија, есеи, сценарија за филмови и телевизиски емисии.

Работела и во Африка како новинарка, историчарка, танчарка, продуцент, режисер и перформер.


Маја била активистка за Движењето за граѓански права и соработувала со Мартин Лутер Кинг Џуниор.

Својот живот го посветила на борбата за жените и правата на Афроамериканците, како и визијата за хуманост во која сите би можеле да најдат свое место.

Во продолжение ви пренесуваме нејзини цитати кои ќе ви го разубават денот:

„Научив дека луѓето ќе го заборават она што сте го кажале, луѓето ќе го заборават она што сте го научиле, но никогаш нема да заборават како се чувствувале поради вас“.

„Воодушевени сме од убавината на пеперутката, но ретко ги познаваме промените низ кои поминала за да стане пеперутка“.

„Сфатив дека кога и да одлучам нешто со отворено срце, вообичаено ја носам правилната одлука“.

„Доколку нешто не ви се допаѓа, променете го. Доколку не можете да го промените, променете го својот став“.


„Без храброст не може доследно да надополните некоја своја доблест. Не можете да бидете љубезни, искрени, милосрдни, великодушни или чесни. Без храброст копнееме и не сме подготвени да сакаме“.

„Доколку секогаш се обидувате да бидете нормални, никогаш нема да знаете колку неверојатни може да бидете“.

„Никогаш не ставајте ги другите лица на листа на приоритет доколку нив сте им само опција“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk