Главните симптоми на анемија кои не треба да ги игнорирате – еве кои намирници го подобруваат хемоглобинот и како да ја подобрите крвната слика

Точка

07/02/2024

14:22

9.392

Големина на фонт

а а а

Симптомите на анемија можат да бидат многу јасни и не треба да ги игнорирате туку веднаш треба да започнете со лекување на таа состојба.

Хемоглобинот може да биде низок кај лицата кои имаат недостаток на нутриенти, кај оние кои боледуваат од бубрежни болести и канцер, кај трудници и во текот на менструација.

Поради тоа токму таа група на луѓе, особено жените, многу е важно да консумираат намирници кои изобилуваат со железо. Долготрајното ниско ниво на хемоглобин води до состојба на анемија.


Анемијата е состојба во која лицата немаат доволно црвени крвни зрнца способни да ја пренесат потребната количина кислород во ткивата во телото.

Анемијата вообичаено е болест специфична за себе, настанува од други болести и може да послужи како сигнал дека под површината се кријат многу посериозни проблеми.

Симптоми кои можат да укажат на анемија:

- умор;
- неправилна работа на срцето;
- бледа кожа;
- вртоглавица;
- несвестица;
- мачнини;
- главоболка;
- краток здив;
- болки во градниот кош;
- ладни дланки и стапала.


Лекувањето на анемијата зависи од тоа која е нејзината причина за настанување, но најчесто покрај терапијата со суплементи или некоја друга терапија, лекувањето подразбира воведување разновидна исхрана која е богата со железо, но и други хранливи материи како што е консумирањето на витамин Б12.

Препорачани намирници:

- печурки;
- сушено овошје;
- жолчки;
- риба, особено туна и школки;
- мешунки;
- ротквичка;
- месо – особено пилешко и мисиркино.