[ВИДЕО] Мајка ја учи својата ќерка да биде традиционална жена: „Служењето на мажот и раѓањето деца ќе бидат нејзината најголема радост“

Кармин

07/12/2023

15:42

2.691

Големина на фонт

а а а

На ТикТок се споделува видео од Тиктокерката Јасмин Динис од Австралија, во кое се осврнала на воспитувањето на нејзината ќерка.

Јасмин се опишува себеси како „традиционална сопруга која ја воспитува својата ќерка за да му служи на семејството и да зависи од нејзиниот иден сопруг“.

„Сакам таа да биде како мене. Наместо да стекне факултетско образование или сопствена кариера, ја учам мојата ќерка дека е сосема прифатливо да зависи од маж. Служењето на нејзиниот сопруг и раѓањето деца ќе бидат нејзината најголема радост“, вели таа.

„Радоста доаѓа од Бога и семејството, а не од кариерата“, додаде Јасмин.

Нејзиното видео го погледнале повеќе од 1 милион луѓе, но многумина од нив не се согласуваат со неа.

„Ова е страшно, кутро девојче“, „А што ако сопругот ја остави, а таа е без образование?“, „Добро ли си?“, „Мајка ми никогаш не би дозволила да зависам од некого“, „Мило ми е што моите родители не ме воспитале вака“, „Се надевам дека ова не е реално“, се дел од коментарите под видеото.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk