[ФОТО] Цел свет гледа во одмаздничкиот фустан на Кејт Мидлтон: Деталите кои ги носела принцезата имаат симболика

Кармин

07/12/2023

16:37

5.065

Големина на фонт

а а а

Британскиот крал Чарлс Трети, принцезата од Велс, принцот од Велс и кралицата Камила синоќа се појавиле на дипломатскиот прием во Бакингемската палата, првпат заедно во јавноста по скандалот поради вознемирувачките коментари за бојата на кожа на Арчи, синот на Меган Маркл и принцот Хари изнесени во книгата „Endgame“.

Заедничката фотографија се толкува како и нивниот одговор за скандалот односно дека се заедно без оглед на сѐ и дека нивното семејство не може да го здрма аферата. Големо внимание привлекло модното издание на Кејт Мидлтон.


Кејт Мидлтон носела „Diplomatic Crops Reception“ во Бакингемската палата, светкав долг фустан, омилен модел за овој вид настани, но и креација која ја носела претходно. Фустанот го дизајнирала Џени Пекман.

Кејт носела и еден детаљ којшто ѝ припаѓал на принцезата Дајана. Омид Скоби во книгата тврди дека принцезата не е налик на Лејди Ди за разлика од Меган Маркл.


Сопругата на принцот од Велс ја носела круната и на Дипломатскиот прием во 2015 година како и на разни банкети во текот на годината.

Кејт носела и дијамантски брош и обетки кои ги наследила од кралицата Елизабета Втора.


Принцезата од Велс истиот фустан и истиот накит ги избрала и за венчавката на синот на кралицата Ранија и кралот Абдулах Втори од Јордан, престолонаследникот Хусеин во јуни годинава во Јордан.


И Камила и Кејт се појавиле со орден од кралското семејство, односно од кралицата Елизабета Втора со жолт појас со портрет на покојната кралица од нејзината младост којшто се доделува на членовите од дворецот за државни банкети.

Кејт носела темносин појас, додека Камила, Чарлс и Вилијам носеле „Order of the Garter sash“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk