Љубовната приказна на Кејт и Вилијам започнала во 2002 година на Универзитетот Сент Ендрус во Шкотска, а на интернет кружи фотографија од Кејт која го одбележала нивниот почеток.
Во тоа време Кејт волонтирала како модел на хуманитарна модна ревија, а интересен факт е тоа што Вилијам тогаш платил дури 360 долари за да седи во првиот ред, имајќи желба да ја види Кејт одблизу.
Имено, неодамна во познатата серија „The Crown“ во која се обработува животот на поединците од кралското семејство, па така и на убавата Кејт и нејзиниот принц Вилијам, се зборувало за почетокот на нивната романса, а имало момент кога тогашната студентка Кејт одела по модната писта, додека фотографијата од 2002 година се проширила на социјалните мрежи со брзина на светлината.
Шарлот Тод, дизајнерката која направила многу добра реплика од фустанот на актерката за серијата, а која Кејт имала можност да го носи во далечната 2002 година, тврди дека е почестена што ја добила таа можност.
„Сите велат дека модната ревија била моментот кога романсата започнала, така што мал дел од мене секогаш ќе биде дел од кралската историја. Тоа е лудило“, рекла дизајнерката за „People“.