[ФОТО] Кога се појавила во најгрдите чевли кои светот некогаш ги видел, сите заборавиле која е и зошто дошла на црвениот тепих

Кармин

01/12/2023

11:27

4.880

Големина на фонт

а а а

Џулија Робертс се појавила во Лондон на промоцијата на својот нов филм којшто паднал во заборав оној момент кога публиката ги видела нејзините чевли.

Џулија Робертс има толку добра линија на тело што на 56 години се појавила на црвениот тепих во ултракракратко здолниште, но тоа едноставно не било забележано затоа што нејзините чевли „ја украле сета слава“.


Актерката за оваа прилика носела сребрени салонки кои биле покриени со сребрени монистра.

Исклучително витката линија актерката ја покажала во сако и мини здолниште во nude боја додека исто така носела ланче кое ѝ го покривало деколтето.


Џулија Робертс е позната по тоа што својата интима ја чува подалеку од очите на јавноста, а тоа го практикува откако се венчала за Дени Модера, со којшто добила три деца.

Затоа сите ги изненадила кога на Инстаграм споделила фотографија од своите близнаци од младите денови. Нејзините деца го прославувале 19-от роденден и тоа била можност актерката да ги пофали.


„19. Немам зборови за оваа радост, забава и прекрасен ритам на заедничкиот живот“, напишала Џулија.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk