Oва се двете најверни жени во Зодијакот: Нивната лојалност е неспоредлива, а неверството за нив никогаш не е опција

Кармин

18/11/2023

09:05

6.800

Големина на фонт

а а а

За многумина, неверството претставува најлошото сценарио што може да ја потресе врската, честопати да доведе до раскинување или развод.

Причините за неверство се различни, а извесно истражување дури покажало и дека жените неретко ги изневеруваат партнерите кои не им помагат во домашните работи.

Сепак, астролозите тврдат дека жените родени во два одредени хороскопски знаци ретко кога го сметаат неверството како опција.

Бик

Жените родени во знакот Бик се карактеризираат со исклучителен морал и чесност и ретко се одлучуваат за постапки кои на било кој начин би ги нарушиле нивните лични правила. Верноста е клучна вредност во нивните односи, а неверството го сметаат за неприфатливо.


Затоа, кога се заљубени, не само што не го изневеруваат партнерот, туку за возврат очекуваат и иста верност.

Девица

Иако изгледаат воздржано или ладно, кога се заљубени, жените родени во знакот Девица се преплавени со емоции и целосно посветени на партнерот. Нивната љубов и внимание кон саканиот е толку длабока што не ги забележуваат останатите мажи.


Поради интензивната посветеност, неверството не им доаѓа на ум, додека љубовта со која ги опсипуваат своите партнери ги прави лојални и верни во врската.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk