Храната која ја консумираме делува на нашето здравје, тоа ни е добро познато. Колку некоја храна може да биде добра за нашето здравје, некои намирници едноставно подеднакво можат и да му наштетат на нашето тело.
Како што објаснуваат нутриционистите, иако се советува да се јаде речиси се во умерени количини, постојат намирници кои треба да избегнуваме да ги јадеме на празен стомак.
Една таква намирница е и цитрусното овошје, кое добар дел од луѓето го јадат за појадок.
Овошјето како портокали, лимони, мандарини можат да го зголемат лачењето на желудочна киселина во нашиот желудник, па и во цревата. На тој начин, тие го зголемуваат ризикот од гастрит или чир на желудникот. Исто така, големо количество на влакна и фруктоза која се наоѓа во овошјето може да го успори нашиот метаболизам, поточно нашата перисталтика, пренесува „Healthshots“.
Покрај цитрусното овошје, нутриционистите нагласуваат дека на празен желудник треба да избегнуваме да пиеме јогурт, да јадеме зачинета храна, како и намирници полни со рафиниран шеќер. Во овој список на „забранети“ намирници припаѓа и кафето, кои многумина го консумираат токму наутро на празен желудник.