(Видео) Сопругата на Синиша Михајловиќ објавила срцепарателно видео: Погледнете како внуката на Миха ја бакнува и гушка сликата на својот дедо

Точка

30/09/2023

16:33

2.744

Големина на фонт

а а а

Аријана Михајловиќ, сопругата на Синиша Михајловиќ кој минатата година ја загуби битката со леукемијата, на социјалните мрежи објави емотивно видео од нејзината внука. Таа на социјалната мрежа „Инстаграм“ со своите следачи споделила трогателни мигови од својот дом.

Имено, на видеото се гледа како внуката Виоланта го прегрнува и бакнува портретот на поранешниот фудбалер на Црвена ѕвезда, Лацио и Интер.

„Гушни ме малку поцврсто“, порачала Аријана во својата објава.


Ќерката на Синиша, Вирџинија, се породила во октомври 2021 година, кога таа и нејзиниот сопруг Алесандро Вољачи станале родители на малата Виоланта.

Две години подоцна, во летото 2023 година, двајцата направиле венчавка во градот кој особено му значел на Синиша.

Вирџинија своите свадбени завети ги изговорила во Бари, 32 години откако нејзиниот татко ја испишал историјата на југословенскиот и српскиот фудбал на тоа место, кога станал европски шампион со Црвена Ѕвезда.