Се преврте автобус со ученици во Англија, се стравува дека има загинати

Макфакс

29/09/2023

12:04

1.643

Големина на фонт

а а а

Автобусот што превезувал средношколци во Англија, Еглексој, се превртел на автопатот.

На местото на настанот пристигнала и противпожарната служба, а се стравува дека има жртви. Повредените ученици се пренесени во болница, но сè уште не се знае степенот на нивните повреди.

„Активно ги собираме сите информации и им помагаме на учениците и нивните семејства“, велат од училиштето.

На терен се десет полициски возила, четири противпожарни единици и пет возила на брзата помош.

Сообраќајот на тој дел од патот е во прекин.