Русија очекува САД и НАТО да ја препознаат одговорноста за ситуацијата во Авганистан, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
„Загрижени сме поради обидите на фактори надвор од регионот да станат активни околу Авганистан. Целосното обединување на напорите на земјите од регионот и земјите од НАТО е можно само доколку алијансата ја признае одговорноста за катастрофалниот исход од нејзиното воено присуство во Авганистан“, се вели во обраќањето на рускиот министер на 5. состанок за Авганистан, одржан во Казан.
Неговиот говор го прочита специјалниот претставник на рускиот претседател за Авганистан, Замир Кабулов.
Лавров посочи дека земјите од Западот нанеле непоправлива штета на народот на Авганистан и затоа мора да го понесат најголемиот товар за обнова на земјата во постконфликтниот период.