(Фото) Бен Афлек не се одвојува од поранешната сопруга: Тие повторно биле фотографирани заедно, сите се прашуваат до кога Џеј Ло ќе го „трпи“ тоа

Кармин

28/09/2023

16:15

6.869

Големина на фонт

а а а

Поранешниот актерски пар, Бен Афлек и Џенифер Гарнер, останале во добри односи и откако се развеле, а во последно време папарацо фотографите се почесто ги гледаат заедно.

Иако многумина на почеток мислеле дека сегашната сопруга на Бен, Џенифер Лопез, би можела да се налути кога ќе ги види нивните заеднички кадри во кои се прегрнуваат, сега е откриено дека за тоа нема причина поради тоа што Гарнер и Бен се гледаат за заедно децата да ги однесат и вратат од училиште.


Сега тие повторно биле фатени во таква ситуација, а Бен, Гарнер ја однел и до дома по состанокот на којшто присуствувала.

Последен пат, Бен со ќеркичката исто така ја качил во автомобилот Гарнер, а потоа биле видени како се прегрнуваат во автомобилот додека актерот не ја тргал насмевката од своето лице.

Инаку, од својот брак парот има три деца, ќерките Вајолет и Серафина и синот Семјуел. Афлек и Гарнер биле во брак од 2005 до 2018 година, а по разводот останале во добри односи.


Откако се развеле тој ја љубел колешката Ана де Армас, а потоа ја обнови љубовта со пејачката Џенифер Лопез.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk