Јапонската кајгана е спој на фантастичен вкус и воздушеста структура којшто ги воодушевува сите кои ја пробале.
Кога еднаш ќе ја подготвите на овој начин, ретко ќе се вратите на оној стариот, вообичаен.
Овој вид на кајгана го обожуваат и најголемите гурмани, а ги освојува сите при првиот залак.
- 4 јајца;
- 1 лажичка вино од ориз за готвење;
- 2 лажички соја сос;
- Прстофат шеќер;
- Малку супа од ќесичка помешана со вода (доволно е една лажица);
- Малку путер.
Јајцата, оризовото вино, шеќерот и супата ставете ги во подлабок сад и помешајте ги.
Во тава растопете го путерот на средна температура и ставете третина од смесата. Кога смесата ќе зацврсти, со помош на стапче замотајте ја во ролат кон средината.
На празниот простор во тавата додадете половина од преостанатата смеса, па кога ќе зацврсти ролатот премотајте го наназад. Повторувајте додека не ја потрошите цела смеса од јајцата.
По желба, додека смесата од јајца е малку запечена, додадете малку рендан кашкавал или сирење – ќе биде уште повкусно.
На здравје!