Постојат луѓе кои се отворени, подготвени за нови познанства и комуникација. Тие се со срдечно и отворено срце, а нив луѓето кои се интровертни не им се јасни.
Три хороскопски знаци кои важат за најстудени во хороскопот.
Јарецот важи за најстудениот хороскопски знак. Тој е насочен кон себе и своите цели. Тие не сакаат некој да им застане на тој пат. Ги мразат луѓето кои се слаби и кои плачат за секоја ситница. Тие своите чувства вешто ги кријат, сепак стануваат целосна спротивност доколку емотивно се поврзат за некого. Тие стануваат посесивни и контролори, па знаат колку се нестабилни кога станува збор за емоциите.
Тие важат за воздржани и ладни. Не поднесуваат никакви претерани изливи на емоции, па се „резервирани“ дури и кога најмногу патат. Важат за многу калкулативни личности, па секогаш се чекор пред вас. Често ја гледаат само користа и со самото тоа тешко дека на Девиците ќе ги привлече само „добрата душа“ кај другите.
Водолиите иако делуваат љубезно, често луѓето не знаат на што се со нив. Не сакаат претерано да се зближуваат на повисоко емотивно ниво. Преферираат само површни односи, а кога ќе се најдат во непријатна емотивна ситуација, секогаш ќе ве обвинат за тоа. Често тие не се подготвени да развијат подлабоки емоции, па склони се кон манипулации.