Пребарувавме највкусен и најздрав појадок за слабеење, па најдовме совршен рецепт за каша.
Овесните каши со децении се сметаат за најздрав појадок на сите времиња.
Овојпат пронајдовме рецепт којшто ќе ви ја поправи крвната слика, а покрај тоа ќе ги „стопите“ и килограмите. Најдобро од сѐ е тоа што овој појадок може да го подготвите и на работа.
- овесни снегулки без додатоци (само овес);
- 1 лажица какао;
- 1 лажица лешници;
- 2 лажици суво-грозје;
- 1 лажица јаболко (или овошје по избор: банана, боровница, брусница);
- 1 лажица ленено семе (мелено);
- 1 лажица чиа семки;
- вода;
- 1 лажица мед.
Во чинија измешајте ги сите суви состојки, количината на овесни снегулки е по желба. Потоа додадете жешка вода и мед, а потоа и јаболкото или овошјето по избор, па помешајте. По 5 минути кашата е подготвена за јадење.
Ваквиот појадок ќе ве држи сити до ручек.
На здравје!