„Се што напишала вештачката интелигенција мора да биде означено“: ЕУ има нови барања за Фејсбук и Твитер

Точка

06/06/2023

14:39

15.492

Големина на фонт

а а а

ЕУ побарала од компаниите поврзани со социјалните мрежи, меѓи се и „Google“ i „Meta“, „веднаш“ да почнат да ја означуваат содржината која ја произвела вештачката интелигенција (AI). Брисел истовремено го предупреди „Twitter“ дека ќе се соочи со санкции ако не се усогласи со новите закони за дигитална содржина кои стапуваат на сила на 25-ти август во цела ЕУ, пренесува „Guardian“.

ЕУ дополнително побарала од „Facebook“ и другите платформи да вложат повеќе средства во проверка на точноста на информациите на јазици на малцинствата и во источна Европа, со оглед на тоа дека Брисел смета дека „руските дезинформациски кампањи“ претставуваат закана.

„Ова не е само работа. Русија сака да ја добие поддршката од јавното мислење на граѓаните во ЕУ за помошта на Украина“, рекла потпретседателката на Европската комисија Вера Јурова.

Таа го критикувала „Twitter“ поради тоа што пред две недели одлучил да го прифати таканаречениот кодекс за однесување во ЕУ кој го прифатиле 44 технолошки компании, меѓу кои и „Youtube“ и „TikTok“.

Јурова одлуката на „Twitter“ ја означила како „грешка“ и рекла дека оваа компанија „одбрала конфронтација“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг