(Видео) Граѓани го исвиркаа германскиот премиер: Ти поттикнуваш војна, лажго си и бандит!

Макфакс

03/06/2023

16:58

3.237

Големина на фонт

а а а

Група Германци го исвиркаа германскиот канцелар Олаф Шолц на политички митинг во градот Фалкензе и го обвинија за поттикнување војна, пишува германскиот весник Билд.

На видеото кое го објавија германските медиуми, може да се види како група луѓе исвиркуваат на говорот на Олаф Шолц, нарекувајќи го „хушкач“, „лажго“ и „бандит“.

На говорницата излезе и премиерот на Бранденбург, Дитмар Воидке, кој се обиде да ја смири толпата, но незадоволните граѓани продолжија да извикуваат слогани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг