Меки, сочни и готови за неколку минути: Рецепт за палачинки од тиквички на кои никој не може да им одолее

Кармин

01/06/2023

16:00

6.919

Големина на фонт

а а а

Може да ги филувате по желба, совршени се за појадок или вечера, а ќе уживате во секое нивно залче.

Тиквичките се многу популарни во ова доба од годината, а покрај вообичаените јадења како похувани тиквички или плескавици од тиквички, може да ги употребите и како клучна состојка за тесто.

Тие ѝ додаваат и вкус и сласт на пројата и многу други печива, а малку е познато дека од тиквичките може да направите и божествени солени палачинки.

Може да ги исфилувате со шунка, сирење или како што сакате, а квалитетниот појадок или вечера се загарантирани со нив.

Состојки:

- 2 тиквички;
- 2 јајца;
- 1,5 децилитри млеко;
- 50 милилитри масло за јадење;
- 200 грама брашно;
- 200 милилитри минерална вода;
- 1 лажичка сол;
- Прстофат шеќер;
- Ситно исечкан магдонос (по желба).


Подготовка:

1. Исчистете ги и изрендајте ги тиквичките, па додадете им јајца, млеко, сол и шеќер и ситно сечкан магдонос.

2. Кога ќе ја измешате смесата, додадете брашно и мешајте додека не добиете хомогена смеса и на крај додадете масло за јадење и вода, сè додека тестото не биде доволно добро за палачинки.

3. Со црпалка ставете од смесата на загреана тава подмачкана со масло за јадење, па пржете неколку минути од едната и неколку минути од другата страна.


Пријатно јадење!



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk