Фотографија од автомобил во Сплит го насмеа регионот: „Што е ова, „Mad Max“ од „AliExpress?“

Точка

31/05/2023

20:40

18.017

Големина на фонт

а а а

„Дополнителна опрема за обработка на нива“, гласи еден од коментарите на фотографиите кои ги објавила Фејсбук страницата „Uživo s hrvatskih prometnica“.

На фотографиите се наоѓа непознат модел на автомобил со украински регистарски таблици и заден дел кој изгледа како од филмовите на франшизата „Mad Max“.

„Внимавајте на нозете ако сте во Сплит“, пишува во описот на објавата на Фејсбук страницата, а коментарите под истата се урнебесни:

„‘Mad Max’ од ‘AliExpress’!“, „Извонреден технички преглед?“, „Тоа е за некој со руски таблици да не го изненади одзади“, „Берач за пченки“, „Овој сигурно проаѓа на технички...“, „Кој го пуштил преку граница?“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг