(Видео) Светски рекорд: Електричен автомобил минал повеќе од 2.000 километри без сопирање

Точка

31/05/2023

19:02

13.835

Големина на фонт

а а а

Досегот е една од главните маани на електричните автомобили, сметаат противниците на електрификацијата.

Со тоа не се согласува израелски старт-ап, кој во соработка со партнерите успеал да развие состав кој овоможува електричните возила да возат на струја практично без ограничувања. Во проектот се вклучиле „Toyota“ и „Denso“, а веќе сега, неколку месеци од потпишувањето на договорот за соработка, можеме да ги видиме првите плодови.

Модифицираната „Toyota PHEV“ со батерија со капацитет од 18 kWh успеала да вози 100 часа прекин и притоа да мине речиси 2000 километри. Автомобилот без да застане минал 1200 милји или 1942 километри. За таквото достигнување да биде можно, користен е полигон на кој е инсталирана технологија за безжично полнење.

Сега работите стануваат појасни. По 100 часови возење „Toyota“ преку безжичен пат примила 241.69 kWh енергија. Автомобилот сопрел само поради замена на возачите. Имено, дури 55 од нив учествувале во рушењето на овој рекорд.

„Electreon“ во соработка со партнерите развива состав за безжично полнење кој во пракса би можел да се користи на автопатите. Притоа технологијата би ја нуделе во своевиден пакет кој на постарите возила би им овозможувал безжично полнење.

Пилот-проекти се започнати во Шведска, Франција и Белгија, а активен е и пилот-проект вреден 3,2 милиони евра кој се однесува на погонот на автобуси во јавниот превоз во Германија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг