(Фото) Незгода на црвениот тепих во Кан: Фустанот на Хајди Клум открил повеќе отколку што требало

Кармин

25/05/2023

15:14

12.275

Големина на фонт

а а а

На манекенката и водителка Хајди Клум ѝ се случила мала модна непријатност на премиерата на филмот „La Passion De Dodin Bouffant“. Таа покажала малку повеќе отколку што планирала...

Облечена во впечатливо жолта креација на брендот „Zuhair Murad Couture“, со долг плашт, Хајди гордо позирала покажувајќи го неверојатното тело. Меѓутоа, бидејќи не носела градник под креацијата, во моментот кога ги кренала рацете за да ја покаже лелеавата наметка, ѝ се открила едната града.


Фотографите не ја пропуштиле приликата да го фатат овој момент, но манекенката не дозволила тоа да ѝ ја расипе вечерта и со насмевка продолжила да позира.

Таа, како што често го прави тоа во многу гала прилики, ја оставила косата слободно да ѝ паѓа, а бидејќи фустанот бил во интензивна нијанса, се одлучила за дискретна шминка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk