Три навики кои ги „бришат“ брчките: Ако имате чувствителна кожа на лицето – обрнете внимание на првиот совет

Точка

31/03/2023

19:35

7.076

Големина на фонт

а а а

Брчките се природен дел од стареењето, но сите ние се стремиме да ја одржиме нашата кожа млада што подолго. Експертите советуваат дека често претеруваме со агресивни третмани, што може да создаде спротивен ефект, особено ако нашата кожа е чувствителна.

Не форсирајте силни третмани

Хемискиот пилинг и третманите со ретинол не се за секого. Доколку забележите дека вашата кожа не ги сака, односно дека се појавува чешање, црвенило, чувствителност, не ги користете. Колку повеќе се обидувате да користите производи кои не се компатибилни со вашата кожа, толку е поголем ризикот од оштетување на природната бариера на кожата и уште повеќе да се исуши, нагласувајќи ги фините линии и брчките.


Значи, ако продолжите да имате лоша реакција на нов ретинол или производ за пилинг, советот е да не го користите, или барем не често.

Една од причините зошто ретинолот се препорачува за антистареењето на кожата е тоа што го стимулира производството на колаген, па на оние кои не можат да го користат им се препорачува наместо тоа да земаат додатоци на колаген.

Водете сметка за мимиките

„Сигурно нема да ви кажеме да престанете да се смеете, но ако сте дома, одмор на мускулите на лицето помага, особено кога устата постојано се движи во текот на денот“, вели д-р Нити Масур.


Спијте на свилена навлака за перница

Квалитетниот сон е многу важен за убавината на нашето лице и на целата кожа, и на лицето и на телото. Додека спиеме и одмораме, го обновуваме организмот. Важно е и на каква навлака за перници спиеме, експертите советуваат омилените памучни навлаки за перници да ги замените со свилени или сатенски. Лицето нема да се „гужва“ на новите навлаки за перници, туку ќе се „лизга“ по нив без многу триење.

„За разлика од памукот, свилата не ја апсорбира природната влага. Наместо тоа, ѝ помага на вашата кожа да одржува бариера, што всушност може да ги поттикне вашите производи за нега на кожа да продолжат да работат преку ноќ“, вели Џес Хернандез, бренд директор на компанија за производи против стареење на кожата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг