Бил Гејтс: Вештачката интелигенција е најважен технолошки напредок во последните неколку децении

Точка

22/03/2023

21:57

10.666

Големина на фонт

а а а

Гејтс вештачката интелигенција ја нарече фундаментална технологија, а нејзиниот развој е важен како и создавањето на микропроцесорот, а персоналниот компјутер, интернетот или мобилниот телефон.

Коосновачот на „Microsoft“ Бил Гејтс вели дека развојот на вештачката интелигенција (AI) е најважен технолошки напредок во последните децении.

Во постот на блогот во вторникот, тој развојот на вештачката интелигенција го нарекол фундаментален како микропроцесорот, персоналниот компјутер, интернетот и мобилниот телефон.

„Тоа ќе го промени начинот на кој луѓето работат, учат, патуваат, добиваат здравствена заштита и меѓусебно комуницираат“, рекол тој, мислејќи во главно на технологијата која стартува алати како „ChatGPT“, пренесува „BBC“.


Развиен од страна од „OpenAI“, „ChatGPT“ е четбот кој е програмиран да одговара на прашања користејќи природен, човечки јазик.

Тимот кој стои зад тоа во јануари 2023-та година добил инвестиција од повеќе милијарди долари од „Microsoft“ – каде Гејтс и натаму служи како советник.

Но, тоа не е единствениот достапен четбот заснован на вештачка интелигенција, бидејќи и „Google“ лансирал своја верзија наречена „Bard“.


Гејтс рекол дека се состанувал со „OpenAI“ од 2016-та година. Изјавил дека минатата година ги предизвикал да ја обучат вештачката интелигенција да полага напреден тест по биологија. Неколку месеци подоцна, ги откриле резултатите, вели Гејтс, каде машината положила со речиси совршена оценка.

По испитот, Гејтс изјавил дека барал од „AI“ да одговори „Што ќе му кажеш на татко кој има болно дете“.

„Напиша промислен одговор кој веројатно беше подобар од тоа што ние во просторијата ќе го смислевме“, рекол Гејтс.


„Знаев дека тогаш го видов најважниот напредок во технологијата од графичкиот кориснички интерфејс (GUI)".

„GUI“ е софтверско окружување кое му овозможува на корисникот адекватна комуникација со компјутер користејќи претходно дефинирани функции. Најзаслужен за неговиот развој се „Macintosh“ и „Windows“ оперативните системи.

Графичкиот кориснички интерфејс ги заменил непрактичните и тешки текстуални интерфејси на постарите компјутери со релативно поинтуитивен систем, кој не само што го поедноставил ракувањето со компјутер, туку и го направил многу поприродно.

А Гејтс вели дека верува дека вештачката интелигенција ќе доведе до сличен напредок.