39 милиони прегледи: Маж на својата бремена сопруга ѝ направил кревет од соништата

Кармин

03/02/2023

15:15

5.009

Големина на фонт

а а а

Да се пронајде вистинска положба за спиење додека сте бремени е речиси невозможно.

Токму поради тоа, ТикТок видеото на еден маж стана вистински хит – тој пронашол начин како да ѝ помогне на својата бремена сопруга подобро да се наспие.

Тони Лопез исекол дупка во над-душекот, по што го прекрил со навлака, за неговата сопруга да може да спие на стомак.

„Вели дека ѝ се допаѓа“, порачал Лопез на крајот на видеото кое е прегледано повеќе од 39 милиони прегледи.

Во бременоста, особено во последното тримесечје, многу жени се жалат на потешкотии со спиењето, повеќето поради невозможноста да пронајдат удобна положба. Иако лежењето на колк е најдобра положба за спиење во бременоста, експерти од „Stanford Medicine“ велат дека е во ред и да се спие на стомак ако на трудницата ѝ е удобно.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk