Европски комесар: Правна рамка за вештачката интелигенција – итно!

Точка

03/02/2023

15:07

9.358

Големина на фонт

а а а

Европскиот комесар за внатрешни пазари Тиери Бретон изјавил денеска дека новите закони на ЕУ кои се однесуваат на вештачката интелигенција ќе имаат за цел да ги намалат ризиците кои ги носи „CHatGPT“ и да обезбедат Европејците да имаат доверба во технологијата на вештачката интелигенција.

Како што наведува „Reuters“, тоа претставува прв коментар на некој висок службеник на ЕУ на ризиците кои ги носи апликацијата „CHatGPT“ на компанијата „OpenAI“.

„CHatGPT“, апликација која може да основа на прашања да генерира статии, есеи, шеги, па дури и поезија, станала најбрзо растечка апликација за потрошувачите во историјата.


„Како што ни покажа „CHatGPT“, вештачката интелигенција може да понуди големи можности за компаниите и граѓаните, но претставува и голем ризик. Поради тоа ни е потребна регулаторна рамка, за да се осигуриме дека вештачката интелигенција се заснова на доверливи податоци“, рекол Бретон.

Тој додал дека е итно потребно да се донесе правна рамка за вештачка интелигенција, за да постои предупредување од ризиците кои „CHatGPT“ ги носи, како и да се постават глобални стандарди за технологијата во која доминантни се САД и Кина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг