Најубавата жена на светот доби ќерка во 40-та година и сега првпат ја покажа во јавност: Ја криеше една година, а еве на кого личи

Кармин

02/02/2023

23:50

11.237

Големина на фонт

а а а

Актерката Пријанка Чопра и музичарот Ник Џонас станаа родители кон средината на јануари минатата година со помош на сурогат мајка, а целиот овој настан беше многу мистериозен.

Токму затоа - светот беше изненаден од радосната вест. Парот со сите сили се трудеше да ја зачува приватноста на детето, па не се појавија со ќерката во јавност ниту пак ја фотографираа за социјалните мрежи.


„Пресреќни сме што можеме да споделиме со вас дека добивме бебе со помош на сурогат мајка. Љубезно ве молиме за приватност во овој посебен период кога сме фокусирани на семејството. Ви благодариме“, напиша парот во јануари.

Во април, парот го откри името на нивната ќерка - Малти Мари. Тие не открија што им значи името, но Малти е име со индиско потекло и може да значи месечева светлина или мало, миризливо цвеќе.


„Ова е среќен период за сите нив. Ник и Пријанка се дефинитивно подготвени за овој предизвик во нивните животи. Тоа е нешто што и двајцата го посакуваа. Сега е нивно време и тие се повеќе од подготвени да воспитуваат дете“, вели извор близок на парот.

Пријанка Чопра се појави првпат со својата ќерка во јавност, за време на доделувањето на ѕвезда на Булеварот на славните на бендот од кој е дел нејзиниот сопруг Ник Џонас.

Се работи за „братски бенд“, односно група составена од браќата Џонас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk